Утрински Весник
Економија

Десетици илјади млади луѓе нема да се вклучат на пазарот на труд, бидејќи се надвор од државата – Што ќе значи тоа македонската економијата?

Десетици илјади млади луѓе нема да се вклучат на пазарот на труд, бидејќи се надвор од државата – Што ќе значи тоа македонската економијата?

Бројот на невработени млади се намалува за 17 000, и тоа звучи како одлична бројка. Но, доколку се погледне бројот на млади, вработени и тој број значително се намалува од Во 2009 година, имало 129 000 млади вработени, денеска оваа бројка е 111 000 млади вработени. Односно, има 18 000 помалку млади вработени. Бројот на неактивни млади, кои не бараат работа, од кои дел студираат или учат се намалува за 50 000. Јована која работи заедно со истражувачите во Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ, ја отвори оваа тема со Дарко Велков од vrabotuvanje.com.

dobivaj vesti na viber

– Младите не се во државава. Толку е. Многу индустрии нема да преживеат во следните 5 години. Можеби не е таков форматот и треба да бидеме по релаксирани, но тоа е реалноста. Да го земеме рударството, таму просек на вработени е 55 години. Тоа е една од побитните гранки во државата. Никој млад не сака да работи во градежништво, или во земјоделие. Кој млад сака да вози трактор? Повеќето би работеле на лап-топ или во канцеларија. – вели Дарко Велков, кој активно го следи пазарот на труд во Македонија од 2003 година, кога го лансира својот бизнис за дигитално посредување при вработување.

Во „Што го врти светот“ соговорниците ја истакнуваат потребата младите да бидат активни, но и државата да создава се повеќе механизми со кои ќе ги поттикне младите да се активираат. Секако, и приватниот сектор треба да се вклучи со понуда на подобри и поатрактивни работни места.

Беа истакнати и можностите за пракса кои денеска им се нудат на младите. Велков, истакна дека најголем дел од вработените и менаџерите во неговата компанија почнале со пракса. А денеска младите имаат можност за платена пракса од 12 000 денари, која би им дала можност да научат преку работа, но и да откријат во која област се пронаоѓаат. Секако, средното стручно образование може да обезбеди подобар кадар за компаниите, но според Велков тоа сеуште не е доволно атрактивно и покрај фактот што е значително унапредено во последните години.

Целата епизода на „Што го врти светот“ со Дарко Велков, можете да ја погледнете на:

Во епизодата Дарко Велков ја споделува својата бизнис приказна во која работел од се по нешто, се додека не го создал својот прв успешен бизнис vrabotuvanje.com, за денеска да биде сопственик на повеќе успешни македонски компании. Тој зборува за грешките, патот до успешен бизнис, но и за тоа кои се професиите кои се на цена денеска, а кои ќе бидат најбарани во иднина. Поткастот „Што го врти светот“ може да го следите на социјалните медиуми и да го слушате на YouTube и Spotify секој четврток во 20 часот.

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија