Утрински Весник
Македонија

Дерала: Македонското општество има сила да продолжи по европскиот пат

Како човек кој доаѓа од ЦИВИЛ мислам дека ќе имаме демократски избори, сметам дека Македонија ќе има добри, демократски избори, порача за Слободен печат претседателот на ЦИВИЛ Џабир Дерала.

„Јас лично сметам дека има реални основи да се претпостави дека нашата земја ќе продолжи по европскиот пат после изборите. Меѓутоа, се разбира дека може да превагне и другата страна која има моќни алатки и се уште се гледаат последиците од силниот проток на црни пари низ општеството, медиумите и изборните процеси и сметам дека тоа ќе биде случај и во овој период. Руското малигно влијание е засилено, пропагандата е засилена и мислам дека македонското општество ќе има голем предизвик да се справи со антизападната и антиевропската ориентација на нашата држава која промовираат другите ентитети а кои играат во ист такт како Кремљ. Меѓутоа ако тоа се случи ние во многу брзо време потоа не повеќе од две години можеме да видиме тектонски пореметувања и на државата и на општеството и ако се случи тоа можеме да заборавиме на Македонија таква каква што ја знаеме денеска“ посочи Дерала додавајќи дека истражувањата на јавното мислење многу често наместо да бидат барометар за тоа што мисли граѓанинот тие всушност се алатка на пропагандните кујни на партиите.

Дерала смета дека ниту еден политички субјект, противник на европскиот пат, не успеал да ја убеди македонската јавност дека преговарачката рамка со ЕУ е штетна.

“Тие не успеаја да дадат аргументи уште по 24 часа по почетокот на насилните протести во јули 2022 година и уште тогап пукна нивниот дезинформациски балон. Многу е јасно што стои зад тоа, зад тоа стои чист апетит за власт и ништо друго. Ние мораме да знаеме дека за аптетите на малкумина не смее да страда иднината на целото наше општество. Мој личен став е дека македонското општество има сили да продолжи по европскиот пат“ посочи Дерала.

Можете да прочитате

УМС на ВМРО-ДПМНЕ постави кутија за донации пред МНР за Бујар Османи

Митрески на средба со бугарскиот амбасадор: Да се промовираме позитивна реторика што може да придонесе за градење меѓусебна доверба

Собранието го донесе Законот за спорт