Утрински Весник
Спорт

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

Denver.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кошаркарите на Денвер поведоа со 3:0 во првото коло од плејофот на Западната конференција во НБА лигата, откако утринава на гостински терен го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 112:105.

Денвер ја презеде контролата врз играта во третата четвртина и на крајот ја забележа својата 11-та последователна победа против Лејкерс, или петта на гости, вклучувајќи го и финалето на Западната конференција минатата сезона. Лејкерси последен пат го победија Денвер на 16 декември 2022 година.

Ниту една екипа во плејоф историјата на НБА лигата не успеала да се врати по негатива од 0:3, а следниот, можеби последен натпревар од оваа серија е закажан за ноќта меѓу сабота и недела.

Филаделфија на домашен терен триумфираше синоќа над Њујорк со 125:114 и ја намали предноста на противникот на половина (1:2) во првото коло од плејофот на Источната конференција.

Кошаркарите на Орландо на домашен терен го победија Кливленд убедливо со 121:83 и со тоа го намалија резултатот на 2:1 во првото коло од плејофот на Истокот.

Орландо, кој имаше 43 поени предност во четвртата четвртина, ја постигна првата победа во плеј-офот од 2019 година и прва на својот паркет од април 2011 година. 

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028