Утрински Весник
Македонија

Денеска се празнува Преподобен Григориј Декаполит

Fotojet 2024 12 02t231035.407.jpg

Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј и Марија, родители угледни и благочестиви.

Кога заврши училиште родителите сакаа да го oженат, но тој побегна во пустина и се замонаши. Живееше по разни места: во Византија, во Рим, на Олимписката Гора. Каде и да одеше секаде ги восхитуваше луѓето со своите подвизи и чуда.

Се случуваше да го огрее небесна светлина; да му се јават Ангели Божји. Ја гледаше убавината на Ангелите и го слушаше нивното умилно пеење.

Поживеа долго и богоугодно и мирно се упокои во 9 век во Цариград, кога се пресели во радоста на својот Господ.

Можете да прочитате

Сопственичка на кравите од Кривопаланечко заработи кривична, им се заканувала на инспектори од АХВ

Малолетници нема да смеат да возат електрични тротинети, поднесени се законски измени

Пензиски систем на правила, а не на доверба