Утрински Весник
Македонија

Денеска се празнува Божиќ по Грегоријанскиот календар

Bozik1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Католиците, протестантите и другите верници кои се придржуваат до грегоријанскиот календар, денес го одбележуваат Божиќ, најрадосниот празник и денот кога се слави раѓањето на Исус Христос.

Божиќ е празник на љубовта, но и на собирањето на семејствата, пријателите и соседите, кои заедно го одбележуваат овој значаен и радосен ден.

Овој празник има силна симболика и е присутен и во католичката и во православната традиција, иако датумите на славење се разликуваат поради користењето различни календари.

Западните христијани, кои го користат грегоријанскиот календар, го слават Божиќ на 25 декември, додека православните цркви кои се придржуваат до јулијанскиот календар го одбележуваат на 7 јануари.

Според Библијата, Исус го родила Дева Марија, која зачнала безгрешно, а при породувањето ѝ помогнал нејзиниот сопруг Јосиф. Исус се родил во штала во Витлеем, пред повеќе од 2.000 години, опкружен со домашни животни. Поради тоа, верниците за Божиќ под елката поставуваат јасли со фигури, најчесто овци.

Обичајот во црквите да се поставуваат јасли што ги прикажуваат скромните услови во кои се родил Христос потекнува од 13 век, а вакви јасли денес имаат и многу верници во своите домови.

Католиците традиционално посетувале три литургии: полноќната миса на Бадник, утринската зораница, како и пладневната или големата миса. Девојките често оделе на литургиите облечени во различни свечени носии.

Можете да прочитате

Филипче со честитка за Католички Божиќ: Да создадеме трајни вредности за идните генерации

Мицкоски со честитка за Божиќ до сите кои го празнуваат денеска

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица