Утрински Весник
Македонија

Денеска го празнуваме Свети Јаков, епископ Нисибиски

1111212212.webp.webp

Живееше како отшелник – во лето на отворено поле, а зимно време во пештера. Еднаш слезе во градот Нисибија за да види како успева верата христијанска и како живеат христијаните.

Но, тука го избраа за епископ. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор и го заштитуваше Православието од Ариевата ерес. Се случи еднаш незнабожните Персијци со војска да ја нападнат Нисибија.


Свети Јаков излезе со литија на градските бедеми, па и самиот се искачи на бедемот и шеташе по него не плашејќи се од непријателските стрели што беа управени на него.

Шетајќи така, светителот Го молеше Бога да го сочува градот и верните во него така што ќе испрати муви и комарци врз Персијците, за да ги изгонат од нисибиските бедеми.

Не бараше смрт на непријателите ниту друга погибел или пораз, туку една малечка здодевност што би ги истерала оттаму.

И Бог ја услиши молитвата на Својот угодник и испрати многу муви и комарци врз Персијците, та нив ги изгони, а градот Нисибија го спаси.

Свети Јаков поживеа долго и чесно, а во длабоката старост се упокои мирно, во 350 година.

Можете да прочитате

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на „Глобалниот женски појадок 2025″

ЛАДНИОТ БРАН ПРОДОЛЖУВА ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе започне и снегот, особено во западните и во југозападните предели!

Oтворен ден во Советот на јавните обвинители за кандидатите со завршена обука од 8-мата генерација на АСЈО