Утрински Весник
Свет

Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран

20240521075324 Big 730x400 91.webp.webp

Погребните ритуали за иранскиот претседател, министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и другите кои загинаа во хеликоптерската несреќа ќе се одржат денеска во Табриз, главниот град на Источен Азербејџан.

Телото на Раиси подоцна ќе биде пренесено во Техеран, пред да биде погребано во неговиот роден град Машхад во североисточниот дел на Иран.

Според извештаите на иранската новинска агенција Тасним, по меморијалната церемонија во Табриз, во 16 часот по локално време ќе се одржи уште една во градот Ком, осум километри југозападно од Техеран. Утре во Техеран ќе се одржи погреб со почести, по што неговото тело ќе биде пренесено во Машхад.

Иранските медиуми објавија видео на кое се гледаат ковчезите на Реиси и Абдолахиан поставени еден до друг и покриени со национални знамиња.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи вчера прогласи петдневна жалост по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Раиси зад себе остави сопруга и двете ќерки.

Хеликоптерот со Раиси и Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај нив двајца загинаа уште неколку лица

Можете да прочитате

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж