Утрински Весник
Македонија

Денеска циклон ни носи обилни врнежи, грмежи и ветер

Meteoalarm.mk 19.png

Територјата на Македонија до крајот на денешниот денќе биде под влијание на циклонска активност југоисточно од нас  и на влажна  и на нестабилна воздушна маса која ќе услови за имаме облачно време со врнежи од дожд кои особено во западните  и во југозападните предели ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи и со засилен ветер од северен и од северозападен правец (до околу 60 км/час).

Локално атмосферските процеси во овие предели може да бидат поинтензивни и во форма на невреме.


Во западните  и во југозападните предели локално ќе наврне поголемо количество на дожд (над 20 литри на метар квадратен дожд).

Во Скопје  и околиата до крајот на денешниот ден времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено може да бидат  и пообилни и проследени со услови за појава на ретки грмежи. Повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Температурата во текот на денешниот ден вторник 19 мај 2026 ќе ни биде под просекот за месец мај и таа ќе се искачува во интервалот од 14 до 23 степени а во Скопје  и околината таа ќе се искачи до околу 19 степени.

Можете да прочитате

Скопјанка се обидела да избега од Црна Гора откако усмртила куче, уапсена на граница

Претседателот на опозициската турска партија му честиташе на Зејнула за министерската функција

Мистериозна бела пена во Вардар – се испитува дали станува збор за опасна материја