Утрински Весник
Свет

Денешниот ден (вторник 15 април) беше многу мачен и спарен!

Oblacno.webp.webp

Денешниот ден (вторник 15 април) во нашата Република Македонија беше многу мачен, спарен и променлив, додека во претпладневните часови на повеќе места имаше и врнежи од дожд со слаб, локално и со умерен интензитет, потоа врнежите насекаде престанаа и времето беше променливо со сончеви периоди, а повремено засилуваше и ветерот од јужен и од југоисточен правец.

Да напоменам дека денешните максимални дневни температури и не беа толку многу високи, и насекаде беа под 20 степени, меѓутоа, поради Сахарската прашина и песок која е присутна во воздухот, но и поради изразеното јужено воздушно струење, температурите ги чувствуваме како да се повисоки од реално измерените.


На табелата можете да ги видете денешните максимални дневни температури измерени по градови и места во нашата Македонија, но и наврнатиот воден талог во изминатите 9 часа во литри на метар квадратен.

Можете да прочитате

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70

ЕП ќе гласа за доверба на Урсула фон дер Лајен

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа