Утрински Весник
Македонија

Денес во Македонија сончево и со подносливи температури

Vreme.webp.webp

Денешниот ден во Македонија ќе ни донесе посвежо и ведро утро со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 18 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе останат околу 20 степени.

Во текот на денот времето ќе ни биде сончево и издржливо топло со појава на мала локална облачност. Особено во Повардарието повремено ќе дува засилен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 50 км/час.


Во Скопје и околината исто така времето ќе биде сончево со засилување на ветерот од северен правец. Наутро температурата ќе се спушта до околу 15 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 33 степени.

Можете да прочитате

Јаневска повика да се почитува реонизацијата кога учениците се запишуваат во училиштата 

Штипјанец крадел во Клинички центар Скопје

Вооружен напд во Куманово, од мопед пукано во автомобил во движење