Утрински Весник
Македонија

Денес понеделник 1 декември почнува климатолошка зима, нема да има врнежи

Meteoalarm.mk 30.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Со самиот почеток на месец Декември почнува  и климатолошката зима. Денес понеделник 1 Декември во нашата Република Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност  и ќе биде претежно тивко без некој изразен ветер. По котлините особено претпладнето и повторно во ноќните часови ќе се создаваат услови за појава на магла или на ниска облачност.

И во Скопје  и околината времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена облачност  и ќе биде претежно тивко и без ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на магла  или на ниска облачност.

Што се однесува до температурите на воздухот тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 10 степени.

Можете да прочитате

Јанев со радикален потег во Куманово: Целосно сменета единицата за борба против дрога

ЕУ забрзува со четири кандидати, Македонија ја нема на листата – Кос: Променете го Уставот

Странци ловат дивокози во Маврово и ја пијат крвта – „Еко-свест“ бара итен мораториум