Утрински Весник
Македонија

Денес полициска акција: На удар беа моторите во Скопје

Img 3197.jpeg

Засилена полициска акција денеска беше спроведена во Скопје, при што на удар беа моторите, скутерите и останатите лесни моторни возила. Во контролата биле санкционирани вкупно 105 возачи за различни сообраќајни прекршоци.

Контролата се реализирала од 12:00 до 20:00 часот на подрачјата на Центар, Аеродром, Бит Пазар и Чаир, а била насочена кон возачите на мотоцикли, велосипеди со помошен мотор, трицикли и четирицикли.


Најголем број прекршоци биле регистрирани за неносење заштитен шлем, при што 50 возачи биле казнети затоа што управувале без кацига. Дополнително, 11 лица биле затекнати без возачка потврда, а санкционирани биле и возачи без сообраќајна дозвола, нерегистрирани возила и други прекршоци.

Во текот на акцијата бил привремено одземен и еден мотоцикл кој бил нерегистриран повеќе од шест месеци.

Од полицијата најавуваат дека засилените контроли продолжуваат и во наредниот период.

Можете да прочитате

Претрес во Куманово, пронајден пиштол и муниција, приведено едно лице

Претрес во Скопје, пронајдена дрога и фалсификувани пари, уапсен 46-годишен маж

Откриена нелеглана плантажа на канабис во струмичко, одземени 680 килограми стебла, приведени две лица