Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори

20251004183321 big 730x400 79.webp.webp
300x250 opst2

Антивладини демонстранти денеска, на денот кога се одржуваат локални избори во Грузија, упаднаа во дворот на претседателската резиденција во Тбилиси, пробивајќи ги металните огради, а припадници на специјалните единици одговорија со употреба на бибер спреј за да ја растераат толпата.

За да се зачува јавниот ред, дополнителни безбедносни сили беа преместени од неколку делови на Тбилиси во центарот на главниот град, јавија руските медиуми.


Муртаз Зоделава, членка на опозициската партија „Обединето национално движење“, претходно им рече на десетиците илјади собрани на Плоштадот на слободата во Тбилиси дека следниот чекор ќе биде „преземање на претседателската палата“, откако организаторите на протестот објавија дека „власта се вратила кај народот“, објави локалниот портал „Цивил Џорџ“.

Опозицијата тврди дека станува збор за „мирна револуција“ најавена за денот на локалните избори, додека владејачката партија „Грузиски сон“ наведува дека внатрешни и надворешни актери стојат зад инцидентите.

Локалните избори се одржуваат истовремено во 64 општини и региони низ целата земја, а граѓаните избираат градоначалници на пет самоуправни градови, Тбилиси, Кутаиси, Батуми, Рустави и Поти – како и градоначалници на 59 општини и советници на локалните собранија.

Во изборниот процес учествуваат 12 политички партии, додека дел од опозицијата најави бојкот.

За функцијата градоначалник на Тбилиси се кандидираа девет лица, меѓу кои и актуелниот градоначалник од редовите на „Грузиски сон“ Каха Каладзе, кој ја извршува оваа функција од 2017 година.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Триесетина повредени во руски напад со дрон врз патнички воз во Сумскиот регион