Утрински Весник
Македонија

Демократскиот сојуз: Евроинтеграциските процеси ги блокираат власта и Бугарија

Демократскиот сојуз: Евроинтеграциските процеси ги блокираат власта и Бугарија
Dik 300x250 mk

Деновиве сме сведоци на засилен меѓународен притисок поврзан со уставните промени и внесувањето на Бугарите во Уставот како конститутивен народ. Овој притисок е инициран и координиран од највисоките претставници на власта сметајќи дека на тој начин ќе обезбедат поддршка од граѓаните, велат од Демократскиот сојуз.

dobivaj vesti na viber

Партијата на Павле Трајанов смета дека колку се зголемува притисокот, двојно повеќе се зголемува отпорот кај граѓаните за уставни промени под диктат на Бугарија и без реципроцитет и избалансиран притисок врз Софија за признавање на основните права на Македонците во Бугарија на здружување и негување на културните, јазичните и другите особености.

Демократскиот сојуз ги повикува претседателот на државата, премиерот и министрите за надворешни работи и евроинтеграции директно, но и преку ЕУ и стратешкиот партнер САД, да бараат еднакви права за Македонците во Бугарија како и за Бугарите во Македонија.

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат