Утрински Весник
Македонија

Демократски сојуз: Неприфатлива е одлука за енормното зголемување на платите на функционерите

Демократски сојуз: Неприфатлива е одлука за енормното зголемување на платите на функционерите

Демократскиот сојуз смета дека одлуката на Уставниот суд, со која се овозможува зголемување на платите на функционерите за 78% е неодговорна, неразумна и неприфатлива.

dobivaj vesti na viber

Од партијата предлагаат да се интервенира во коефициентите, односно да се предложат измени на Законот за платата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, со што, како што велат, зголемувањето на платите на функционерите ќе се усогласи со зголемување на платите во сите сектори, како и со зголемувањето на пензиите.

„ Демократскиот сојуз ќе поддржи и ќе биде дел од законско решение, кое ќе ја спречи ваквата неправедна положба и огромна разлика во примањата на функционерите и останатите вработени.

Зголемувањето на примањата како одговор на растечките животни трошоци треба да го почувствуваат сите граѓани, посебно ранливите категории, додека оние кои се избрани и именувани лица треба да обезбедат услови за поквалитетен и подобар живот за сите, а не само за себе“ наведуваат од Демократскиот сојуз.

Можете да прочитате

Загина велосипедист на лице место – Бил удрен од товарно возило

Мини лето од понеделник: Есента носи свежи утра, топол ден

Тетовец заврши зад решетки: Се заканувал дека ќе го убие својот татко