Утрински Весник
Македонија

Демократски сојуз ќе достави предлог закон за една изборна единица

Logods.jpg

Соопштение за јавност на партијата Демократски Сојуз:

По најавата на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, дека е подготвен да се донесе закон, со кој Македонија ќе биде една изборна единица, Демократскиот сојуз ја поддржува оваа определба.


Ваквите измени ќе значат демократизација на изборниот процес и демонтажа на “еднопартискиот систем” на владеење, како и зголемување на одговорноста на извршната и законодавната власт.

Во процесот на носење круцијални одлуки ќе бидат вклучени повеќе партии и ќе јакне законодавната контрола на извршната власт.

Со измените, зад секој пратеник ќе стојат ист број гласачи, а не како до сега во Изборната единица бр. 6 пратеник да се избира со 6.300 гласа, а во Изборната единица бр. 3 со 10 илјади гласови.

Демократскиот сојуз следната недела до парламентот ќе го достави Предлог-законот за измена на Изборниот законик, кој пратениците можат да го дополнат и со забелешките на ОБСЕ и ОДИХР.

Можете да прочитате

Обвинителство ќе организира средба со родителите на загинатите во Кочани

Последни подготовки за отворање на рехабилитацискиот центар на Пониква

Во Владата има „српски свет“ кој промовира руски наративи – велат од ДУИ