Утрински Весник
Магазин

Деми Мур се раздели од Даниел Хам по помалку од една година врска

Деми Мур се раздели од Даниел Хам по помалку од една година врска

Актерката од „Дух“ наводно се чувствува добро и покрај крајот на врската со швајцарскиот готвач.

dobivaj vesti na viber

Извор близок до ѕвездата изјави за „Пипл“: „Таа се чувствува добро, среќна е и ужива со своите деца и своите пријатели“.

Во април таблоидите објавија дека 60-годишната актерка е во романса со 46-годишниот Даниел – сопственик на познатите ресторани „Илевн Медисон парк“, „Д’ ноумед“ и „Дејвис и Брук“ (Eleven Madison Park, The NoMad, Davies and Brook) – неколку месеци пред да бидат забележани како седат еден до друг на модната ревија на Клои во март.

Извор на „Њујорк пост“ во тоа време изјави: „Даниел работи долго и напорно во својот ресторан Eleven Madison Park, но сепак често одвојува време за Деми да му се придружи на романтични вечери таму“.

Парот ги потврди шпекулациите на „Инстаграм“ во јуни кога Деми сподели фотографии од нивните заеднички патувања, а и од нивниот престој во Париз за финалето на Отвореното тениско првенство на Франција („Ролан Гарос“), каде што им се придружи нејзиното милениче Пилаф.

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста