Утрински Весник
Македонија

Делегација на Владата положи цвеќе на вечното почивалиште на Киро Глигоров

Viber Image 2025 01 01 12 29 31 677.jpg

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Овој чин претставува израз на почит кон животот и делото на претседателот Глигоров, кој го посвети својот живот на визијата за мирна, стабилна и напредна Македонија.


Делегацијата се потсети на неговото мудро раководење во еден од најпредизвикувачките периоди од историјата на нашата држава, како и на неговата улога во обезбедувањето независност преку мирен пат.

Министерот Минчев нагласи дека делото на Киро Глигоров е трајно врежано во темелите на современата македонска држава и дека неговата визија продолжува да инспирира генерации.

„Киро Глигоров беше симбол на мудрост, достоинство и државничка одговорност. Неговата посветеност кон демократијата и суверенитетот останува светла точка во нашата историја” – истакна Минчев.

Положувањето на цвеќе е дел од активностите со кои Владата ја одбележува важноста на личностите и нивниот придонес кон создавањето на современа и просперитетна Република Македонија.

Можете да прочитате

Драмата на Весна Петрушевска – Ќерката Мина се бореше за живот во Дубаи

Вторник неработен ден за сите- Ова се неработните денови во 2025 година

Мицкоски ќе го пушти во употреба експресниот пат Куманово-Крива Паланка на Коридор 8