Утрински Весник
Македонија

Делегација на СДСМ оддаде почит за ликот и делото на Киро Глигоров 

1 4.jpg

Делегација на СДСМ, претставена од потпретседателката Каја Шукова, генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ и пратеникот Митко Трајчулески, денеска положи свежо цвеќе и оддаде почит на вечното почивалиште на Киро Глигоров, првиот претседател на независна и суверена Македонија.

Денеска се сеќаваме на еден од најголемите државници во нашата историја, човекот кој со својата мудрост и визионерство постави темели на модерната македонска држава. Неговите вредности, историските одлуки и државничкиот пристап оставија трајни белези во нашето општество и се патоказ за нашата борба за напредок и просперитет.


Киро Глигоров е симбол на дијалог, помирување и обединување. Во најтешките моменти за нашата држава, тој покажа лидерство и визија кои овозможија стабилност и напредок. Неговата верба во заедништвото, демократските вредности и европските перспективи остануваат наша инспирација за иднината.

СДСМ ги следи патеките на визијата на Глигоров за напредна и демократска Македонија.

Вечна слава на претседателот Глигоров – Таткото на нацијата и вечна инспирација за сите нас.

Можете да прочитате

Македонската амбасада го одби, словенечкиот парламент го прими на пракса Mакедонецот Трајковски

(Видео) Мечка со мали мечиња забележана на Шар Планина

Финансиска полиција упадна на Кардиохирургија, плати на лекари била до 250.000 денари!?