Утрински Весник
Македонија

Дел од скопските булевари денеска ќе бидат затворени

Дел од скопските булевари денеска ќе бидат затворени

МВР информира дека денеска од 08:30 до 12:30 часот поради одржување на триатлон натпревар, ќе бидат презмени мерки за посебен режим на сообраќај во дел од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски“ и дел од бул.„Илинден“ (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со бул.„8 Септември“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“ и обратно.

Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката

Можете да прочитате

Работник загина при пад од височина на градилиште во Скопје

Филипче: За Изборниот законик проблем е само обидот на ВМРО-ДПМНЕ за изборни манипулации

Јаневска најави можно затворање на универзитети во земјава