Утрински Весник
Скопје

Дел од Карпош и неколку скопски села денеска без струја

Struja.webp.webp

Корисниците од селата Горно и Долно Соње, Говрлево, Виничиште, Чифлик и Света Петка денеска од 8:00 до 15:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 10:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Рузвелтова“ со број 11 и 13 во општина Карпош.


Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Можете да прочитате

Орце повикува граѓаните на Скопје да чистат – затоа што тој не може, велат од СДСМ

Меџити: Улицата „Фаик Коница” во Дижон доби сосема нов лик

Хоџа: Завршен проектот на Дижонска 15, МЖСПП продолжува со инвестиции во водоводната и канализациската инфраструктура во Чаир