Утрински Весник
Свет

Дебата за носење хиџаб во Турција, Ердоган предлага референдум

Дебата за носење хиџаб во Турција, Ердоган предлага референдум

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, предложи да се организира референдум за измена на Уставот за да се гарантира правото на носење хиџаб во јавните служби, училиштата и универзитетите.

dobivaj vesti na viber

„Ако сте храбри, дојдете, ќе ја ставиме темата на референдум (…) Нека одлучи народот“, рече турскиот претседател, обраќајќи му се на лидерот на најголемата опозициска партија, Кемал Киличдароглу, кој предложи закон кој ќе гарантира правото на носење хиџаб.

Дебатата за носење хиџаб се разгоре во Турција како што се приближуваат претседателските и парламентарните избори закажани за 2023 година.

Турција, земја со мнозинско муслиманско население, е уставно секуларна и носењето хиџаб долго време беше забрането во јавните служби, училиштата и универзитетите, како и на места како што се парламентот и воените канцеларии. Во 2013 година, владата на Ердоган ги укина ограничувањата за носење хиџаб.

За разлика од 1990-тите, кога темата поттикна жестока дебата, денес ниту едно политичко движење во Турција не се противи на нејзината забрана.

„Порано згрешивме во однос на носењето хиџаб (…) Сега е време да го оставиме тоа прашање настрана и повеќе да не го слушаме од устата на политичарите“, рече претседателот на најголемата опозициска сила, Републиканската Народна партија (ЦХП), на почетокот на октомври Кемал Киличдароглу.

Набљудувачите мислат дека Киличдароглу сака да им покаже на конзервативните гласачи кои најмногу гласаат за АКП на Ердоган дека не треба да се плашат од промена на власта.

На почетокот на октомври, Ердоган одговори на оваа иницијатива.

„Дали денес постои дискриминација во однос на носењето и неносењето хиџаб во јавните служби? Во училиштата? Не. (…) Успеавме во тоа“, рече денеска Ердоган.

„Наскоро ќе го испратиме амандманот на уставот во парламентот. (…) Но, ако не може да се реши во парламентот, ќе го прашаме народот“, додаде тој.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд