Утрински Весник
Македонија

Дебарчанец однесен мртов во болница во Тетово, според пријавата паднал од дрво, па партнерката сакала да избега преку граница

Policija 3 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вчера во 14.00 часот во СВР Тетово, од болницата во Дебар било пријавено дека кај нив бил донесен починат Ј.А.(67) од с.Скудриње, општина Маврово и Ростуше.

Според пријавеното, тој паднал од дрво и починал додека со неговата невенчана сопруга Џ.Б.(53) од Република Албанија собирале костени.

Откако бил однесен во болницата, Џ.Б. ја напуштила болницата и во 17.10 часот била лишена од слобода на граничниот премин Џепиште во обид да ја напушти државата. Таа бил задржана во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка, соопшти СВР Тетово.

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче