Утрински Весник
Македонија

Дебакл на кошничките на власта, милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните

Kaja 1.jpg

Одговор на новинарско прашање, Каја Шукова потпретседателка на СДСМ

Политиките на власта со така наречени кошнички доживеа дебакл и сите најави сега за некакви корекции се само уште една манипулација. Наместо намалување на цените и достапни производи, милиони евра се извлечени од џебовите на народот преку таканаречените „кошнички”. Основните производи поскапеа наместо да поевтинат и станаа луксуз за граѓаните, власта дозволи буквално грабеж. Оваа политика на Мицкоски ги турка семејствата во уште поголема економска несигурност, токму пред новогодишните празници.


Прашањето е – што им должеше Мицкоски на трговците за да дозволи ваква пљачка врз грбот граѓаните?

Само за шест месеци од оваа влада, животот на граѓаните се влоши драматично. Мицкоски се грижи за елитата и бизнис интересите, додека народот плаќа висока цена.

Можете да прочитате

(фото) Вечерва тешка сообраќајна несреќа во Бутел – автомобил превртен на кров, има повредени

Јована Мојсоска објави дивоградба во срцето на струшката чаршија

Изгореа неколку штали – Пожарот во Валандово сега е ставен под контрола