Утрински Весник
Спорт

Дејан Манасков нов член на Еурофарм Пелистер

Manaskov.jpg

Поранешниот репрезентативец Дејан Манасков е нов член на шампионот Еурофарм Пелистер.

Битолчани се пофалија со искусното крило, кое играше во Металург и Вардар, а има и богата интернационална кариера играјќи за Вецлар, Рајн Некар Левен и Веспрем.

„ Неговото презиме предизвикува емоција кај армијата наши навивачи. Манасков пак ќе постигнува голови во дресот на Пелистер! Задоволство ни е што по децении и децении уште еден Манасков е наш член.

31-годишниот Манасков поникна во Металург, ги носеше дресовите на Вецлар, Рајн Некар Левен, Веспрем и Вардар 1961, а со македонската репрезентација беше дел од сите успеси во последната една деценија.

Дејан Манасков беше првак на Македонија и Унгарија, неколку пати играше на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн во дресот на Веспрем, ја освојуваше СЕХА лигата, а во својата витрина има многу индивидуални признанија.

Манасков првиот тренинг со новите соиграчи ќе го има утре, а првиот официјален натпревар е предвиден на почетокот на плеј-офот во февруари.“, стои во објавата на Еурофарм Пелистер.

Можете да прочитате

Ново изненадување во Рим: Крај за Рубљов

Италија ја изненади Црна Гора, Шола си поднесе оставка

Динамо Букурешт ангажира екс-играч на Барселона, а место него пристигнал неговиот брат близнак !?