Утрински Весник
Спорт

Данска и Норвешка ги обезбедија првите места, познати четврт-финалните двојки

Данска и Норвешка ги обезбедија првите места, познати четврт-финалните двојки

Данска избегна секакви „математики“ и лесно со 30:25 беше подобра од Египет за да го добие можеби најлесниот противник во четврт-финалето на СП во Полска и Шведска, репрезентацијата на Унгарија, додека африканската селекција под водство на Роберто Парондо ќе се судри со моќните Швеѓани.

dobivaj vesti na viber

Иако постоеше математичка шанса Хрватска да оди на местото на Данска во чeтврт-финалето, за тоа беше потребно Египет да победи со над 12 гола разлика, што беше практички невозможно во Малме, пред илјадници дански навивачи. Данска доминираше од почеток до крај за убедлива победа.

Многу поинтересно беше во групата 3, каде што Германија и Норвешка влегоа во директен дуел за првото место, и беше израмнето до самиот финиш во кој, Норвежаните се одвоија. Норвешка сега ќе игра со Шпанија, додека Германците во мега-дуел ги пречекувааат Французите.

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Норвешка – Шпанија
Германија – Франција
Данска – Унгарија
Шведска – Египет

СП РАКОМЕТ 2023
ГРУПА 3
Катар – Аргентина 22:26 (9:12)
Србија – Холандија 32:30 (15:17)
Германија – Норвешка 26:28 (16:18)
ГРУПА 4
САД – Белгија 24:22 (14:12)
Хрватска – Бахреин 43:32 (17:16)
Египет – Данска 25:30 (12:17)

Можете да прочитате

Герасимовски: Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки

Ливерпул крева раце од Алонсо, ќе бара нов наследник на Клоп

Поранешниот селектор на Кина призна дека примил 10 милиони евра мито