Утрински Весник
Спорт

Данците „спасија“ реми со Хрватска, несфатлив колапс на Србија против Норвешка

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Ss2

Хрватска не успеа да направи подвиг и да ги победи фаворизираните Данци во првото големо дерби на Светското првенство во ракомет, на крајот задоволувајќи се со 32:32 реми, резултат кој далеку повеќе им одговара на Данска во борбата за четврт-финале. Бидејќи Хрватите веќе загубија од Египет во нивната група во шокантното отварање на СП, Данска со потенцијалните победи над САД и Египет  е сигурен освојувач на првото место во групата 3.

dobivaj vesti na viber

Во возбудлив меч, „коцкестите“ имаа предност во поголемиот дел од првото полувреме, по што во второто се играше гол-за-гол, за на крајот Данска да успее да стигне до посакуваниот резултат, а Лука Циндриќ во последните секунди да промаши празен гол од огромна далечина. Симон Питлик беше најдобар кај Данска со големи девет гола, Микел Хансен додаде осум (од кои седум од седум метри), додека кај Хрватска, Марин Шипиќ заврши со девет гола, а Филип Главаш имаше осум.

Ss1

Србија пак, успеа да ја „прокоцка“ предноста од три гола разлика која ја имаше по првото полувреме против фаворизираната Норвешка, за на крај да биде поразена со 31:28, намалувајќи си ги шансите за пласман во четврт-финале.

Во првото полувреме, предводени од фантастичниот голман Дејан Милосављев, и со играта на Орбовиќ, Србија имаше четири гола разлика, но, по повредата на Јовица Николиќ, потфрлија во второто дозволувајќи Норвешка да направи камбек и да стигне до победа. Сагосен и Бартолд имаа по пет гола за „викинзите“, додека кај Србија, Радивојевиќ, Орбиќ и Николиќ имаа исто так по пет гола.

СП РАКОМЕТ 2023
ГРУПА 3
Катар – Холандија 30:32 (19:15)
Германија – Аргентина 39:19 (24:11)
Норвешка – Србија 31:28 (14:17)
ГРУПА 4
САД – Бахреин 27:32 (13:17)
Египет – Белгија 33:28 (22:15)
Данска – Хрватска 32:32 (15:16)

ПРЕЗИДЕНТС КУП, ГРУПА 2
Алжир – Македонија 25:40 (11:19)
Мароко – Тунис 25:30 (13:13)

Ss1

Можете да прочитате

Хулкенберг се сели во Заубер

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале