Утрински Весник
Магазин

Дали знаете зошто треба да ставате сол во кафето?

Kafe 696x470 1.jpg
Ss2

Ако сте решиле да се откажете од млекото во кафето или едноставно сакате да го истакнете вкусот на омилениот пијалак, испробајте проверен трик.

Кога доаѓате на работа, а зад вас е „напорен“ викенд, а треба брзо да се разбудите и да се вразумите, нема ништо подобро од кафе.

300x250 (7)

Пиењето горко кафе за повеќето е големо разочарување, но денот мора да продолжи со таков вкус. За среќа, вкусот на кафето можете да го подобрите со малку, ништо помалку од – сол!

Освен што ќе ја намали горчината, а со тоа и потребата од нездрав шеќер, па дури и млеко, кафето ќе има подобар вкус, пишува Punkufer.

Според гастроентерологот Алтон Браун, совршена мерка е четвртина лажичка сол и две лажици мелено кафе по голема шолја вода. Секако, доколку неговата препорака за количината на кафе ви е премногу, прилагодете ја на сопствениот вкус.

Што ви треба: Кафе и сол

Што правите: Ставете сол во горкото кафе и промешајте

Зошто делува: солта чудно се врзува со вкус кој откриваат горчина и ги спречува да ја вршат својата работа. Наука, чиста наука!

Резултат: Можеби ќе добиете малку навестување на соленост, но ако претпочитате солено пред горчливо, овој трик е идеален за вас.

Ss1

Можете да прочитате

Најголема сина дупка откриена 420 метри длабоко во океанот, научниците сé уште не го достигнале дното

Шпанија ја укина годишната награда за борба со бикови

Што се случува со телото ако не јадеме доволно зеленчук?