Утрински Весник
Македонија

Дали ВМРО-ДПМНЕ им се потсмева на граѓаните? Пред три години гласаше против, сега ветува нов клинички центар

Партијата, која во 2021 година се изјасни против изградбата на нов клинички центар, сега става акцент на оваа идеја како клучен елемент од нејзината предизборна кампања иако официјално не е ни почната кампањата.

ВМРО-ДПМНЕ тогаш силно се спротивставуваше на плановите за изградба на нов клинички центар, нагласувајќи дека претпочитливо е да се инвестира во ревитализација и модернизација на постоечките здравствени институции. Партијата тогаш изрази загриженост за финансиската одржливост на проектот за нов клинички центар и потенцијалното запоставување на постоечките здравствени структури.

Пратениците на Христијан Мицкоски во 2021 година со над 2.000 амандмани го блокираа Законот за нов Клинички центар и застанаа против изградба на нов функционален Клинички центар во Скопје, на предвдена локација во Ѓорче Петров, а тој велеше дека неговата партија никогаш нема да го поддржи проектот за нов Клинички центар на власта и бараше да се поддржи тој што го имаат тие – обновување за постојниот и спојување на Воена болница со болницата „Букурешт“.

„Ние како ВМРО-ДПМНЕ веќе имаме идејно решение и проект кој опфаќа ревитализација на постојниот Клинички центар ’Мајка Тереза‘, изградба на Ковид-центар и спојување со постоечката Воена болница, како и со болницата ’Букурешт‘, а дополнително на тоа и вложување средства во три универзитетски клинички болници како што се болниците во Штип, Битола и Тетово“, изјави Мицкоски додавајќи дека ако Владата е заинтересирана за вложување во јавното здравство, тогаш нека го поддржи нивниот проект., велеше тогаш Мицкоски.

Во рамките на своето предизборно ветување ВМРО-ДПМНЕ не само што промовира изградба на нов клинички центар, но и изразува силно противење кон економските директори во јавните здравствени институции кои всушност беа еден од нивните главни проекти за реформирање на здравството.

Економските директори во клиниките беа воведени пред 17 години. Во 2006 година, откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, скопскиот Клинички центар беше поделен на 32 клиники, со 56 директори и 142 члена на управни одбори.

Можете да прочитате

УМС на ВМРО-ДПМНЕ постави кутија за донации пред МНР за Бујар Османи

Митрески на средба со бугарскиот амбасадор: Да се промовираме позитивна реторика што може да придонесе за градење меѓусебна доверба

Собранието го донесе Законот за спорт