Утрински Весник
Македонија

Дали Мицкоски патувал за Вашингтон во луксузна бизнис класа со карта која чини над 4.000 евра прашува СДСМ

1721384691 Sdsm.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Според информациите до кои дојде СДСМ, Мицкоски изгледа ужива во луксузот на сметка на граѓаните. Очигледно не се само скапите часовници повеќе десетици илјади евра негов стил, тој милува да патува во бизнис класа. 

Денес го прашуваме јавно, дали е точно дека тој за САД патувал со бизнис карта вредна над 4.000 евра на сметка на граѓаните? Ако е точно, да излезе и да објасни за тоа уште еднаш што претставува душманско трошење на парите на граѓаните. Додека во кампањата имаше уста полна одговорност и транспарентност, сега гледаме расфрлање, фамилијарни прошетки за САД во бизнис класа и буквално никаква грижа за граѓаните. 

СДСМ очекува во најкус рок Владата и Мицкоски да ги објават сметките и трошоците за ова патувања затоа што граѓаните мора да знаат колку пари платиле за прошетките на Мицкоски и министрите.

Можете да прочитате

Турски државјанин убиен во Скопје, едно лице повредено и осомничениот во бегство

Трагедија во Скопје, 2-годишно дете прострелано во глава

Жестока новогодишна ноќ: Двајца во животна опасност, уште многу повредени