Утрински Весник
Спорт

Далас и Дончиќ го декласираа Феникс

Далас и Дончиќ го декласираа Феникс
300x250 (7)

Далас Маверикс убедливо ги поразија Феникс Санс со 130:113, во дербито во Западната конференција во НБА лигата. Лука Дончиќ уште еднаш го предводеше својот тим, на спротивната страна потфрли Девин Букер.

dobivaj vesti na viber

Победата на Далас беше извесна веќе по првата четвртина. Маверикс во текот на целиот натпревар имаа предност од 20 и повеќе поени.

300x250 (7)

Дончиќ натпреварот го заврши со 33 поени, шест скока и осум асистенции

Спенсер Динвиди додаде 21 поен, а Кристијан Вуд постигна три помалку со девет скока.

Во тимот на Феникс Деандре Ајтон постигна 20 поени со осум скока, а Камерон Пејн забележа дабл-дабл со 14 поени и 10 асистенции. Девин Букер, кој на последните три натпревари имаше просек од речиси 39 поени, против Далсс постигна само 11 поени.

Феникс останува на првото место на Западот со 16 победи и осум порази, додека Далас е деветти со 12 победи од 23 натпревари.

Резултати:

Шарлот Хорнетс – ЛА Клиперс 117:119
Орландо Меџик – Милвоки Бакс 102:109
Атланта Хокс – Оклахома сити Тандер 114:121
Торонто Рапторс – Бостон Селтикс 110:116
Хјустон Рокитс – Филаделфија Сиксерс 132:123
Мемфис Гризлис – Мајами Хит 101:93
Далас Маверикс – Феникс Санс 130:111
Голден стејт Вориорс – Индијана Пејсерс 104:112

Ss1

Можете да прочитате

Срамно скандирање и недолични гестови на Олд Трафорд

Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако сум конкурентен и ако телото ме слуша

Лејкерси го уништија Денвер, не помогна ниту трипл-даблот на Јокиќ