Утрински Весник
Свет

Дачиќ: Би сакал да дојде до некој напредок во Брисел, но Западот не е подготвен да изврши дополнителен притисок врз Курти

Дачиќ: Му кажав на Шоле дека нема никој во Србија што ќе ја прифати независноста на Косово

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека не се надева дека ќе се постигне напредок за време на новата рунда разговори меѓу Белград и Приштина и дека Западот не е подготвен да изврши дополнителен притисок да започне нормализација на односите.

dobivaj vesti na viber

„Би сакал да видам одреден напредок за време на новата рунда разговори меѓу Белград и Приштина, но нашите надежи не се преголеми токму поради Курти и поради неподготвеноста на луѓето од Запад да извршат дополнителен притисок на него да започне нормализација на односите“, рече тој.

Дачиќ, гостин на Б92, рече дека Србија мора и сака да разговара и дека таа секогаш ќе биде конструктивен дел од дијалогот, но дека Западот не разбира дека Курти „сака насилно да ги спроведе своите желби“.

„Преговорите треба да бидат статусно неутрални, но не се. Потоа не критикуваат зошто воопшто одиме на разговори. „Но, Србија не смее да биде прогласена за виновна, бидејќи пред се ќе страдаат луѓето што живеат на Косово“, рече тој.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти ќе се сретнат утре во Брисел како дел од новата рунда од дијалогот со посредство на ЕУ.

Во фокусот на средбата ќе биде имплементацијата на Договорот за патот кон нормализација меѓу Косово и Србија, за кој Вучиќ и Курти постигнаа договор во Охрид на 18 март.

„Вучиќ едвај ги чека изборите, нема шанси опозицијата да освои мнозинство“

Дачиќ изјави дека „не гледа“ дека има шанса или можност за промени на политичката сцена во смисла дека опозицијата ќе добие мнозинство на избори.

За барањето на опозицијата за итни избори, Дачиќ рече дека српскиот претседател Александар Вучиќ „едвај ги чека изборите“ и оцени дека изборите ќе се одржат во рок од три до шест месеци.

„Постојано ги критикував честите избори бидејќи секој изборен циклус по малку го одвлекува вниманието од нормалното функционирање на државата, но ако тоа е решението за ситуацијата во која се наоѓаме, тогаш е корисно да се одржат избори“, изјави за Б92, српскиот министер за надворешни работи.

Тој оцени дека опозицијата „нема ниту план, ниту стратегија за дејствување“.

„Ако сакаме да се одржат изборите во декември, мора да се направи некоја прелиминарна работа. Дали ќе се донесе буџетот за наредната година, кога ќе се распушти собранието, ќе се сменат ли некои работи во законите кои се битни за одржување избори… Премногу е конфузно и дифузно за да можете да препознаете за што се работи“, оцени Дачиќ.

Можете да прочитате

Мелони: Италија повеќе не сака да прифаќа мигранти спасени од странски невладини организации

Рама по реакциите за испраќање на КФОР на северот на Косово: „Болно е политичари од лажни профили да манипулираат“

НАТО испраќа нови сили во Косово