Утрински Весник
Македонија

ДА МУ СЕ ДАДЕ МОЖНОСТ НА ПОВИКОТ ЗА ОБЕДИНУВАЧКА ПЛАТФОРМА

Anastasovski.jpeg

Пишува: Иван Анастасовски

Мој став е дека било каков повик на обединување, заедничка платформа и такви слични памфлети сега за сега се само научна фантастика за македонската политичка сцена. Да видиме секогаш има простор за разубедување.

Но ајде со ред, да бидеме оптимистични, да гледаме позитвно, на тоа што последниот јавен настап на премиерот Мицкоски во вчерашниот свој говор кој понуди платформа до опозицијата која ќе се базира на 10 принципи за заедништво и сплотеност. Без многу филозофирање тие принципи се огледуваат во следното и тоа: владеење на правото, нешто што со години бевме и сме критикувани во секој “но апсолутно“ секој извештај на европската комисија. Со години кај нас во Македонија правниот систем секогаш бил под окупација на премиерите (за да може да манифестираат моќ) но кај последниот премиер на таа позиција на г-дин Ковачевски истиот владеењето на право го сподели со првиот замник премиер од албанкиот парнер г-дин Грпи како негов влијателен коалиционен партнер. Сега би сакам да верувам дека со ваков политички капитал кој го има сегашниот премиер и со тоа што и самиот е промотор на оваа идеја дека ќе опстои на своите ставови (кои ги има јасно искажано во јавноста) дека правдата треба да е во рацете на трета (судска) власт која во суштина треба да биде апсолутно независна од извршната и законодавната власт и да се носат судски одлуки исклучиво во интерес на правдата а не во интерес на политиката или политичките елити и капиталот. Но во секој случај сега се има можност да се надминат партиите од сите проминенции и да застанат зад оваа идеја се со цел конечно да отпочне владеењето на правото и тоа почнувјќи од сега и веднаш а со тоа би можеле да очекуваме во некој нареден период позитивен европски извештај во овој сегмент.

Департизација, хмммм лично не верувам во ова, но секогаш има простор за мој демант. Факт е тоа дека до правата Влада на СДСМ заклучно со 1998 година кога ги изгубија изборите партијата не водеше политика на целосна партизација на нашите македонски институциитука сепак се водеше грижа истите да бидат професионализирани а не партизирани, но за жал сето таоа беше се до доаѓањето на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски кој апсолутно ја партизира државата го партизира системот. Од тогаш па се до денес тоа стана претпознатлив знак на секоја партија и на секоја влада се до степен на јадење живи луѓе. Но ајде и овде да веруваме дека политичките елити еволуирале и сега заедно зад една платфрма да остават простор за професионализација “ви за ви“ партизација на институциите.

Стабилност, не верувам дека постои личност во нашата држава која не сака стабилен политичко-општествен систем во кој би можеле како поединци и групи да планираме разни активности како на професионален така и на личен план дали во бизнисот, образованието, културата итн. Но овде е проблем секогаш кога имаме десно орентирани влади некако почнува да се подгреваат тие меѓуетнички тензии се со цел да се наруши мирот и спокојот на нашите граѓани без оглед за нивната етничка припадност а на база на тоа да може да опстојуваат политички личности кои во животот само можат да опстојуваат на тој начин со подгревање на тензии и сеење страв. Во овој сегмент не сум убеден дека може да се организира во нашата држава без раговор и со

партиите од албанскиот етнички кампус.
Подобар животен стандард, дали постои некој во оваа држава кој не сака подобар и повисок животен стандард за себе и своето семејство, но да бидеме реални ниту може ниту ќе успее некоја влада да го покачува и подобрува животниот стандард ако не ги унапредува предходните наведни принципи. Факт е тоа дека животниот стандард доаѓа во пакетот со владеење на право, деполитизација и стабилност на едно општество преку што би можело да се очекуваат директни инвестиции (не само странски) има и наши граѓани кои можат да покренат сериозни инвестициски активности во нашата држава.

Спорекување на иселување не е опција за кој секој еден наш граѓанин ја посакува а еве нашиот премиер г-дин Мицковски го нуди во платформата. Едно мора да знаеме дека не секогаш нашите сограѓани (без оглед на етничка припадност) се решаат да ја напушатат Македонија исклучиво поради социјални (финансиски) моменти, туку има многу кои гледајќи како се разнебитува оваа општество од секој аспект и при тоа имаат несигурна иднина за себа и своето семејство заминуваа и при тоа со одреден капитал кој го имаат стекнато со свој труд. Верувам дека и самите знаете дека голем дел од нашите иселеници особено на Европа се имаат иселено поради потреби за своите деца, поради сигурност за сопствениот капитал. Поради фактот да имаат нормален живот во еден организаран со вистински вредности европски систем што во принцип е многу тешко тоа да го добиете во нашата држава, особено ако една или друга или пак трета партија ќе ви се осветува ве малтретира или во крајан линија ви за загрозува вашата иднина или иднината на вашата компанија.

Национално единство само со партиите од македонски политички кампус скоро и да е невозможно, овде мораат сериозно да партиципираат и албанските партии но и другите партии кои се со етнични предзнак а воедно се дел од нашиот Устав, и тоа не декларативно туку и суштински, имам чувство дека се зголемува јазот помеќу македонскиот народ и најголемата етничка заедница во Македонија. Се движиме на тенок мраз.

Но ако сето оваа ќе ја отвори нашата европска перспектива и ќе го стабилизира нашиот европски пат тогаш нека се стават на страна суетите и нека седнат сите политички чинители да покажат реална (не декларативна) волја за развој на нашето општетсво преку национално едниство за неколку точки. Да бидам искрен, во даден временски период и јас имам своја одговорност оти не сум се залагал доволчно за овие општествени постулати кои сега се на маса, но сепак никогаш не е доцна да се започне со нов начин на комуникација, со нов начин на делување и водење на политика, се со цел да се разубедат нашите граѓани од тоа дека “сите се исти“, “сите се корумпирани“, дека се договаат за “поделба на власта“ на тој начин што се штитат едни со други. Би било добро оваа идеја да не се дочекува на нож, треба да и се даде можност за идна примеливост на платформа за зедништво.

Јас сум скептик, но сакам кога ќе бидат разубеден и демантиран во моите ставови.

Можете да прочитате

Филипче за „Клик плус”:СДСМ ќе иницира затворена седница, за Мицкоски да го каже планот за евроинтеграциите

Мендух Тачи го напушти Европскиот фронт, ДПА потврди за одлуката

Филипче предупредува на нови задолжувања поради линеарното покачување на пензиите