Утрински Весник
Македонија

Д-р Николиќ: Со трансплантацијата на срце докажавме дека сме подготвени за највисоките дострели во современата медицина

1823 Nikoli Aleksandar.jpg

Пред четири години во Македонија се изведе првата трансплантација на срце, а за тој потфат се собра тим од хирурзи кои работат во приватното и државното здравство. Во тимот еминентни експерти беа Д-р Александар Николиќ, Д-р Жан Митрев, Д-р Сашко Јовев. 

24инфо.мк разговараше со доктор Николиќ за тоа како тој од денешен аспект гледа на историскиот момент за македонската кардиохирургија и медицината воопшто и како дојде до таквото обединување на докажани експерти од јавното и приватното здравство.

„Заслугата за првата успешна трансплантација на срце ја препишувам на мојата стручност, искуството и ескпертизата во оваа област, како и на помошта од целиот тим што учествуваше во двете интервенции. Со првата успешна трансплантација докажавме дека со колегите ентузијасти од различни болници, тимски сме подготвени за највисoките дострели во современата медицина. Како кардиохирург со над 30 годишно искуство и единствен во тимот кој и претходно има учествувано во дваесетина успешни кардиохируршки трансплантации, сметам дека значително допринесов во успешноста на овој зафат, секако и со моето 35 годишно искуство во кардиохирургијата каде имам извршено преку 20.000 сложени операции со светски процент на морталитет. Секако, ова е тимска работа, токму затоа и потенцирав дека заслугата за успехот ја носи стручноста и компетентноста на целиот тим„ вели Николиќ.

Запрашан дали има напредок на македонската кардиохирургија од тогаш до денес особено во делот на трансплантациите, доктор Николиќ смета дека не може да се зборува за никаков напредок, имајќи ја предвид виската стапка на смртност.

„За напредокот во кардиохирургијата во државава не можеме да збориме со оглед на последните не толку среќни статистики на смртност. Македонија има два центра за кардиохирургија, државниот обид да се направи центар не е успешен. Затоа под итно треба да се преиспита. Се потрошија над 30 милиони евра, изминативе 10 години доаѓаа доктори кои не се експерти и професори за да едуцираат наши доктори. За жал, не добивме доктори кардиохирурзи, добивме само професори за кардиохирургија кои имаат највисок процент на смртност во светот. За ова се одговорни исклучиво министрите во изминативе 7 години. Според податоците кои излегоа во јавноста, во јуни, август и октомври во 2023 година на државната кардиохирургија починал секој втор опериран пациент. За жал овие високи стапки на смртност се катастрофален пораз и оттука не можеме да гледаме напредок во кардиохирургијата генерално“ смета Д-р Николиќ.

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација

Спасовски со честитика за 55 години постоење на Хеликоптерската единица на МВР