Утрински Весник
Македонија

Долги колони на граничниот премин „Богородица“, граѓаните не го „пропуштија“ ни овој продолжен викнд

Granica Grcija Bogorodica.jpg

Видео камерите на „Јавното претпријатие за државни патишта“ и овој продолжен викенд на граничниот премин Богородица, за влез во Грција покажуваат голема фреквенција и гужва.

Денеска е Денот на словенските просветители Свети Кирил и Методиј и во Македонија е неработен ден, па голем дел од македонските граѓани ги користат трите неработни дена за да заминат во Грција на море, но и во другите соседни земји. Зголемен интензитет е забележан и на ГП Табановце кон соседна Србија.

Гужвите започнаа уште вчера попладне, кога исто така имаше голем наплив на автомобили на „Богородица“.

Можете да прочитате

Детската клиника Скопје доби сертификат за квалитет во работењето од надворешни оценувачи

Приведен криумчар на мигранти – 24info.mk

Миле Јанакиески од денеска на слобода, по шест години излегува од затвор