Утрински Весник
Македонија

Д-р Даниловски: Четворицата починати се „СО“ КОВИД, а не починале „ОД“ КОВИД

Fb Img 1726588686510.jpg

“Врие денес ,,Мрежата” од наслови кои соопштуваат дека четири лица починале од Ковид-19 минатата недела!

Сите лажат!

Не починале ОД Ковид-19.

Починале СО Ковид-19.

Во извештајот на Институтот за јавно здравје јасно и разбирливо си пишува:

,,Во текот на минатата недела (09-15.09.2024), пријавени се 4 починати лица асоцирани со КОВИД-19, од Скопје (2), Битола и Тетово. Сите починати лица се на возраст над 70 години, 3 од нив се починати во болнички услови, а кај 3 лица се регистрирани коморбидитети. Сите лица се
невакцинирани против КОВИД-19.”

Што значи ова?

Ова значи дека починале од некоја своја хронична болест (тоа е основната причина за смрт).

Ковид-19 бил само придружна (асоцирана) состојба која го забрзала настапувањето на смртта.

А тоа понатаму значи:

Ковид-19 не смее да се наведе како ,,основна причина за смрт”, туку само како ,,асоцирана” (придружна).

Накратко:

Ниту еден од четирите починати минатата недела не умрел од Ковид-19! (Иако биле заразени!)
Медиуми, портали, поединци и други, не вознемирувајте го народот со лажни вести!
Намерно ли е тоа или од незнаење?
Сменете ги насловите, ,,ако ви е вистината мила”!”, напиша доктор Драган Даниловски на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Филипче за „Клик плус”:СДСМ ќе иницира затворена седница, за Мицкоски да го каже планот за евроинтеграциите

Мендух Тачи го напушти Европскиот фронт, ДПА потврди за одлуката

Филипче предупредува на нови задолжувања поради линеарното покачување на пензиите