Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Вкупно 11 пожари на отворено, седум активни

Pozar kriva palnka.jpg

До 13 часот денеска на територија на државава има вкупно 11 пожари на отворен простор, сега активни се седум, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во општините Македонски Брод, Струга, Долнени, Прилеп, Боговиње, како и два во Студеничани. Во „Јасен“ гори мешана шума. Во подрачјето на село Подгорци опожарена е нискостеблеста шума. Ниска вегетација гори во атарот на село Лажани. Опожарена е букова шума на подрачјето на село Беловодица, место викано „Ливада“ и село Лењиште. Ниска вегетација гори во село Оловјане. Во пожарот на територија на село Батинци, опфатени се ниска вегетација и ѓубре. Последниот активен пожар е во регионот на село Горно Количани, планински врв Китка, опожарена е мешана шума.


Изгаснатите пожари биле во општините Маврово – Ростуше, Ѓорче Петров, Струга, Липково.

Можете да прочитате

Алиу: Странската комисија утврди сомнителни наоди кај девет случаи на кардиохируршки интервенции

АСОМ: Итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа преку ноќ

Убиство во Битола, маж со нож ја нападнал сопругата, починала на лице место