Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Вчера и покрај дождот пријавени 14 пожари, сите се изгаснати

112.webp.webp

Иако во текот на вчерашниот ден имаше врнежи од дожд речиси на целата територија на државата, сепак за половина ден имало пожари на отворено, а вкупно 14 се пријавени во Системот за управување. Сите пожари се изгаснати, информираат од  Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарникарите, паралелно гаснејќи пожари во населените места, велат од ЦУК, гаснea најмалку 14 евидентирани пожари на отворено, на места и со помош на локално население. Освен пожари на вегетација тие гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.

Центарот за управување со кризи информира и дека во последното деноноќие имало вкупно 1.823 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Најголем дел биле упатени кон полицијата – 48,66 осто, потоа кон Итната медицинска помош 38,93 отсто, а кон противпожарните служби 5,37 отсто, од „реалните“ повици кон 112 во ЦУК.

-Во последното деноноќие имало вкупно 1.823 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 46,19 отсто, а 53,81 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 48,66 отсто, кон Итната медицинска помош 38,93 отсто, а кон пожарникарите 5,37 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 7,05 отсто со другите 53,81 проценти што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1.002 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи, соопштуваат денеска од ЦУК.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница