Утрински Весник
Македонија

ЦУК со апел до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено

Skara.jpg

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено за Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.

-За првомајскиот празник традиционално граѓаните излегуваат во природа и на излетнички места.

Апелираме за внимателност при палење оган на отворено за првомајскиот празник, како и секогаш кога се престојува во природа.

Ако се пали оган на отворено при одењето на излет, таму каде што нема посебно направени огништа за правење скара, тоа да се прави внимателно и пред заминување од местото, обврзно да се изгасне жарта од огнот, велат од ЦУК.

Можете да прочитате

Тошковски: Три лица повикани на информативен разговор по пожарот во Трубарево

И по цел ден борба, големиот пожар во Трубарево се уште активен – најавена прес-конференција на МВР

Стоп за Вардариште најавува протест уште од 7:30 часот наутро