Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Поради многу висок FWI попладнево зголемен ризик од појава и брзо ширење на шумски и пожари на отворен простор

Image 2026 08 09 103450477.png

Според податоците од Системот за шумски пожари – МКФФИС, денеска во 09:00 часот, со порастот на дневните температури се зголемува и метеоролошкиот индекс за опасност од пожари – FWI (Fire Weather Index), информира директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамет Али.

Според него, во попладневните часови, покрај источниот дел од земјата, централниот и јужниот дел на Република Северна Македонија се со многу висок FWI, што укажува на зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари со многу висок интензитет. Останатите делови од земјата се со висок FWI, додека исклучок се повисоките планински предели, каде што индексот е низок и многу низок.

-Во услови на високи температури и зголемена опасност од пожари, апелирам до граѓаните на особена внимателност и одговорно однесување, особено при престој и движење во природа. Секое невнимателно постапување може да предизвика пожар кој, во вакви временски услови, може многу брзо да се прошири и да зафати поголема површина, посочува Али.

Нагласува дека Центарот за управување со кризи продолжува со континуирано следење на состојбата преку МКФФИС и со навремено информирање и координација на надлежните институции.

Можете да прочитате

Приведен скопјанец, возел со 2,13 промили алкохол и без возачка, возилото одземено

Пронајдени кокаин и марихуана при претреси на неколку локации во Скопје

ДУИ: 83 седници без објавени записници на албански јазик