Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Еден активен пожар, пет се под контрола

Pozar 1.webp.webp

Заклучно со 8:30 часот утринава на територијата на државава има еден активен пожар, а пет се ставени под контрола. Активен е пожарот во Општина Кавадарци во близина на Тиквешкото Езеро каде гори нискостеблеста шума и трева, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што посочуваат оттаму под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод во Повеќенаменското подрачје Јасен каде гори мешана шума, во Општина Гевгелија на планината Кожуф каде има приземен пожар, во Општина Желино во село Мерово каде гори мешана шума и во село Церово каде гори ниска вегетација и мешана шума, како и во Општина Долнени во село Долгаец каде гори мешана шума.


Можете да прочитате

Казни од 250 евра за родители чии деца вршат насилство

92годишна жена удрена од автомобил

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година