Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Еден активен пожар, пет се под контрола

Pozar 1.webp.webp

Заклучно со 8:30 часот утринава на територијата на државава има еден активен пожар, а пет се ставени под контрола. Активен е пожарот во Општина Кавадарци во близина на Тиквешкото Езеро каде гори нискостеблеста шума и трева, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што посочуваат оттаму под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод во Повеќенаменското подрачје Јасен каде гори мешана шума, во Општина Гевгелија на планината Кожуф каде има приземен пожар, во Општина Желино во село Мерово каде гори мешана шума и во село Церово каде гори ниска вегетација и мешана шума, како и во Општина Долнени во село Долгаец каде гори мешана шума.


Можете да прочитате

Трендафилов: Намалете ги платите на функционерите кој земаат и до 180.000 денари, па помогнете им на работниците

Автобус удри девојче во Ново Село, сообраќајот кон Волково се одвива во една лента

Петрушевски: Пратениците на СДС го бојкотираат Венко Филипче?