Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Два пожара на отворено, во Гостивар водата не е за пиење, а во Тетово има редуцирано водоснабдување

Cuk.jpg

Во последното деноноќие се регистрирани два пожара на отворено – во Скопје бил запален градежен отпад на ул.

„Његошева“ во Општина Карпош, и во во Село Радуша каде што имало запалено ѓубре, соопшти ЦУК.

ЈКП „Шар“ од Тетово  информира поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата на засега е целосно затворен.

Градот Тетово се снабдува со намалено количество вода, а екипи на ЈКП „Шар” се на терен за брзо решавање на проблемот.

Ограничување на водата во градскиот водовод ќе има од 13,00 до 15,00 часот и во период од 01,00 до 04,00 часот.

Од ЈП „Комуналец“ од Гостивар, пак, е добиено известување во ЦУК дека поради контаминација предизвикана од обилните врнежи од дожд, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење.

Можете да прочитате

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница 

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето