Утрински Весник
Македонија

ЦУК апелира за претпазливо движење поради зголемување на водостојот и снежни врнежи

Dozd Sneg Vreme 585x431 1.jpg

Состојбата со врнежите од дожд кои ја зафатија државата е стабилна, но се очекува зголемување на водостојот во горниот дел на реката Вардар, како и во сливовите на Треска, Радика, Сатеска, Коселска, Лепенец, Пчиња и Струмица, и во водотеците и суводолиците од Шар Планина и Охридско-Преспанскиот регион.

Поради високото ниво на подземни води, на одредени места е можна интеракција со површинските води и појава на заезерување. ЦУК апелира на претпазливо движење покрај реките и суводолиците и побара од локалните самоуправи јавните претпријатија да ги проверат критичните локации каде е можно излевање или поплавување.

Дополнително, се очекуваат обилни снежни врнежи, особено на повисоките планински места.

„Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да патуваат внимателно во следните денови, и тоа само доколку е неопходно, со доволно гориво во резервоарите и со соодветна зимска опрема, особено на повисоките места и планинските превои. Можно е да се формираат навеви од снег и одредени патни правци во одредени периоди да бидат непроодни. Потсетуваме дека лицата кои живеат на повисоки места треба навремено да се снабдат со основни намирници (храна и лекови)“ стои во соопштението на ЦУК.

Во случај на опасност или потреба, граѓаните можат да се јават на бесплатниот број 112.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев 

Зајкова и ЛДП со петиција за електронски нараквици за сторителите на насилство

Уапсен скопјанец, фатен како презема дрога