Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Активни шест пожари, два се под контрола

Pozhar 6.webp.webp

Центарот за управување со кризи информира дека денеска се активни шест пожари, два се под контрола, а дека од вкупно 37 вчера, 29 се изгаснати.

Претпладнево активни се шест пожари. Пожар има во Општина Македонски Брод меѓу село Тажево – село Брезница и Јасен, каде гори борова шума. Во Општина Охрид пожар има на Галичица и се шири во правец на местото викано Магаро кон Стење во Општина Ресен, а гори нискостеблеста вегетација. Во Општина Новаци пожар има кај селата Полог, Скочивир, Грумаци и Сливница каде годи ниска вегетација. Во Општина Кичево кај селата Бигор Доленци и Челопеци и гори мешана шума. Во Општина Струга гори ниска вегетација кај селата Долна Белица и Октиси. Пожар има и во Сарај кај селата Ласкарци и Паничари.

Под контрола се пожарите на Илинска планина на територија на општините Демир Хисар и Охрид, каде гореше ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума, и на Депонија Делчево.

ЦУК соопшти дека се изгаснати 29 пожари и тоа:

1. Кичево: с.Зајас (мешана шума);

2. Општина Петровец: с.Градманци – Дивље (ниска вегетација);

3. Општина Студеничани: м.в.Дрешница – с.Батинци (мешана шума);

4. Општина Гази Баба 1: с.Јурумлери (ниска вегетација);

5. Општина Гази Баба 2: нас.Идризово (ниска вегетација);

6. Општина Чучер Сандево: кај Аеродром Стенковец (ниска вегетација);

7. Општина Сопиште: с.Патишка Река (ниска вегетација);

8. Општина Шуто Оризари: ул.Гвадалахара (ѓубре и ниска вегетација);

9. Општина Арачиново: с.Орланци (3 БППЗ) (ниска вегетација);

10. Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово (деградирана шума);

11. Општина Македонски Брод: с.Слатина (нискостеблеста вегетација);

12. Општина Тетово: Во близина на стариот поправен дом (ниска вегетација);

13. Општина Штип: нас.Железничка (ѓубриште, гуми);

14. Општина Кочани: с.Чифлик (ниска вегетација);

15. Општина Берово: периферија на градот (ниска вегетација);

16. Општина Дебар: с.Горно Косоврасти – Рајчица – Татар Елевци (нискостеблеста шума, трње и ниска вегетација);

17. Општина Струга 1: с.Велешта (ниска вегетација);

18. Општина Струга 2: с.Октиси (ниска вегетација);

19. Општина Струга 3: с.Татеши – с.Добовјани (ниска вегетација);

20. Општина Неготино: м.в.Летиште (ниска вегетација);

21. Општина Битола: м.в.Кркардаш (нискостеблеста шума);

22. Општина Прилеп: ул.Круме Беќар (ниска вегетација);

23. Општина Струмица: с.Владевци (ниска вегетација);

24. Општина Старо Нагоричане: с.Жегљане (стрниште и лозје);

25. Општина Охрид 1: с.Косел (ниска вегетација);

26. Општина Охрид 2: Депонија Буково (ѓубре);

27. Општина Делчево: с.Илијово (ниска вегетација, грмушки и дабова шума);

28. Општина Ресен: с.Љубојно – с.Долно Дупени (нискостебелсти растенија, ѓубре и ниска вегетација);

29. Општина Липково: с.Матејче (стрниште и ниска вегетација).

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!