Утрински Весник
Балкан

Црви пронајдени во бајадерата на „Краш“ во Хрватска

463417305 883728270536329 5529739760934696033 N.jpg

Во бајадера купена минатата недела во „Интерспар“ во Копривница биле откриени црви. Слична ситуација се случила и со бајадера купена на истото место во јануари, а потоа повторно на крајот на јуни.

„Во фабрички спакуваната амбалажа на популарниот десерт, со соодветен рок (до 2.1.2025) имаше бели црви“, објави здружението на потрошувачи „Хало“ на „Фејсбук“ додавајќи дека црвите што се појавиле на почетокот на зимата биле кафеави и издолжени, а тие сега се дебели, бели и прилично бавни.

„Краш“ вели дека тие не се виновни. Од таму реагираа бргу нагласувајќи дека многу од нивните производи се чувствителни на условите за складирање.

„Во бајадерата постои можност од наезда, контаминација поради неправилно складирање, доколку условите за складирање се несоодветни или ако производот се чува блиску до материјали со брашно“, истакнаа тие.

„За жал, не можеме целосно да ги контролираме пазарните услови“, додаваат тие.

Можете да прочитате

Српската актерка Слобода претепана – пренесена во Ургентен центар во Белград

Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода

Масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил