Утрински Весник
Македонија

Црвен крст отвори Центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка

Црвен крст отвори Центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка

Црвениот крст отвори Центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка. Клучните приоритети на Центарот се да развиваат програми наменети за едукација на пошироката јавност, дестигматизацијата на менталното здравје и зајакнување на резилиентноста на заедницата.

dobivaj vesti na viber

Покрај овие програми ќе се обезбеди советодавна поддршка и врсничка едукација за важноста на менталното здравје, како и ќе бидат организирани тренинг едукации за сите институции – чинители во кризниот менаџмент на државата.

Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити истакна дека со отворањето на Центарот ќе се воспостави систем базиран токму на тие потреби а при тоа негувајќи релации со релевантните државни и општествени чинители. Тој нагласи дека волонтерската мрежа на Црвениот крст е зајакната преку обука на повеќе од 350 волонтери како провајдери на Психолошка Прва помош и други услуги од областа на менталното здравје.

Можете да прочитате

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато

МОН со објаснување за проблемите во „Стив Наумов“

Мечка угината во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово