Утрински Весник
Спорт

Црна Гора остана без селектор, Рогановиќ поднесе оставка

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
300x250 (7)

Зоран Рогановиќ повеќе не е селектор на машката ракометна репрезентација на Црна Гора. Рогановиќ поднесе оставка по поразот од Словенија (31:23) на последниот натпревар на Светското првенство.

dobivaj vesti na viber

„Не успеавме да се пласираме на Олимписките игри. Ги уверив сите дека можеме да стигнеме во Париз, не успеавме и мислам дека е човечки да си заминам“, изјави Рогановиќ за Радио-телевизија на Црна Гора.

300x250 (7)

Рогановиќ е роден 1997 година, седум години беше репрезентативец на Црна Гора, а од 2018 година беше селектор. Под негово водство Црна Гора ја победи Србија во 2020 година и оствари историска, прва победа на Европското првенство. На тековното Светско првенство неговата репрезентација во првата фаза ги совлада Иран и Чиле и загуби од Шпанија. Во главната фаза Црногорците ги загубија сите натпревари, од Франција, Полска и Словенија.

Ss1

Можете да прочитате

Минесота го одбрани домашниот терен, брејк направија Далас и Индијана

Скандал во Премиер лигата: Двајца фудбалери уапсени под сомнение за силување

Ограбена куќата на Лука Вилдоза во текот на натпреварот на неговиот тим во Евролигата