Утрински Весник
Македонија

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба мора да престане веднаш!

Civil Stop Political Misuse Of Children 750x375 1.webp.webp

ЦИВИЛ во континуитет ги алармира јавноста, институциите, политичките партии и медиумите за злоупотреба на децата за политички цели и бара од институциите да ги санкционираат сите што ги вовлекуваат децата во политиката на било кој начин.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ констатира голем број случаи на злоупотреба на деца и малолетници, како во изборен контекст, така и за ширење етничка и верска омраза, но и за ширење на руска злонамерна пропаганда.

Политичката злоупотреба на децата е забранета со закон!

Во член 12, став 4 од Законот за заштита на децата се вели:

„Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“.

ЦИВИЛ бара од политичките партии, родителите, медиумите и институциите да ги ослободат децата и малолетниците од своите политички амбиции – со тоа го кршат законот и сите етички норми.

Секое дете, без исклучок, има право на достоинствен живот и да ги ужива сите права наведени во Декларацијата за правата на децата и во Законот за заштита на децата. Децата имаат право на безгрижно детство, ослободено од дневнополитичките случувања и пропагандните операции.

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции! Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата, а не за нивна злоупотреба.

Државата и институциите имаат обврска на децата да им овозможат физички, ментален, духовен, морален и социјален развој, здрав и нормален начин на живот во услови на слобода и достоинство.

Државата, родителите, партиите и медиумите имаат обврска да ги заштитат децата од пропагандата!

ЦИВИЛ бара од институциите да преземат решителни санкции против сите што ќе се обидат децата и малолетниците да ги стават на својата листа на пропагандни активности. Едноставно, тоа мора да престане, веднаш!

ЦИВИЛ

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје