Утрински Весник
Македонија

Чупеска: Очајната пракса на ВМРО-ДПМНЕ за извртување на вистината нема да ме демотивира да се борам против дезинформациите

Screenshot 2024 11 28 144111.png

Новоизбраниот Централен одбор на СДСМ вчера именуваше генерален секретар на партијата, двајца организациони секретари и потпретседатели.

Деновиве, од конгресот на СДСМ, и посебно по изборот на новите партиски функционери, ВМРО ДПМНЕ што директно, што преку свои потврдено блиски медиуми врши непримерен притисок во јавноста во обид за оцрнување на новоизбраните функционери на СДСМ.

Денеска осамна нападот на новата потпретседателка на партијата, проф. д-р Ана Чупеска. ВМРО ДПМНЕ на својата веб страна објави обвинување во кое наведува дека еминентната професорка некогаш некаде рекла или напишала дека „новинари треба да одат во затвор“ .

Нова побара појаснување од проф. Чупеска за тоа дали, кога и каде тоа го изговорила или напишала и доколку тоа не е точно што мисли кои се мотивите за овој атак од страна на ВМРО ДПМНЕ.

„Се разбира дека не. Тоа се измислици на ВМРО. Тие имаат за цел да ме демотивираат во мојата намера да се борам со дезинформациите кои ги пласираат неуморно. Впрочем, ако имаат некаков доказ за тоа што го тврдат нека го приложат кон таа очајна пракса да ја извртуваат стварноста . Им честитам на тоа што се најдобриот и учебнички пример на проблем од пост-вистината, која го уништува нашето општество. Секако, им порачувам, да се извинат пред граѓаните за сите новинари што ги апсеа; и на нивните семејства; но и на оние кои беа жртви на масовните злоупотреби на човековите права“, вели Ана Чупеска

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ